ОФИЦИЈАЛНО: Дејан Пецаковски повторно во Струмица

Повременеиот македонски репрезентативец, Дејан Пецаковски потпиша едногодишен договор со Зомимак и по една година повторно се враќа во Струмица. Минатата сезона тој ги бранеше боите на тимот од Автокоманда, а летово беше поврзуван со неколку клубови, најсериозна во понудата беше екипата од Дубаи, но по пропаднaтите преговори веќе беше извесно дека Пецаковски ќе ја продолжи кариерата во Македонија.Желбата на Зомимак да го засили својот ростер со квалитетно решение на левата бековска позиција беше пресудна да се најде заеднички јазик со 28-годишниот бек. Како што најавуваат од управата, веќе е почната процедурата за негова регистрација и се очекува во сабота да го има своето деби за новиот клуб против тимот на Охрид.

Фото:www.rkstrumica.mk