Официјално две пакет-засилувања во Фленсбург: Лауге Шмит и Тофт Хансен за стариот сјај на актуелниот европски клупски шампион!

Германскиот бундеслигаш Фленсбург и официјално за следната сезона ги ангажираше репрезентативците на Данска, Хенрик Тофт Хансен и Расмус Лауге Шмит.
Актуелниот победник на Лигата на шампионите направи сериозен чекор кој враќа на стариот клупски сјај. Следејќи ја филозофијата на управата на клубот за ангажирање на млади и перспективни ракометари, екипата на Фленсбург ќе биде уште посилна во новата сезона.
По крахот кој го доживеа екипата на Хамбург, Хенрик Тофт Хансен беше поврзуван со македонскиот вицешампион, РК Вардар, но се покажа дека гласините од Германија не биле точни, а потврда е тригодишниот договор со новиот клуб, Фленсбург.
Големата надеж на данскиот ракомет, еден од најперспективните централни бекови во светот, ракометарот на Кил, 23- годишниот Расмус Лауге Шмит, исто така потпиша тригодишен договор со актуелниот шампион на Европа.

Пред извесен период репрезентативецот на Србија, Петар Џорџиќ повторно својата верност ја довери на стариот клуб, Фленсбург.