ОФИЦИЈАЛНО Дарко Станиќ претставен на публиката од Манхајм: Се отвара ново поглавје за мене во врвен европски тим!

Еден од најдобрите ракометни голмани во светот, српскиот репрезентативец Дарко Станиќ и официјално е претставен во Рајн Некар Ловен. 36 годишниот голман на бундеслигашот Битигхајм од следната сезона ќе брани за „лавoвите“ кои моментално се на чело на табелата во германската Бундеслига. Дарко Станиќ потпиша договор до 30 јуни 2017 година и ќе го наследи Никлас Ландин на голот на Рајн Некар Ловен. Со трансферот на Станиќ, управата на Рајн Некар го комплетираше голманскиот двоец за следните сезони, претходно Микаел Апелгрен од Мелсунген го најави трансферот кај „лавовите“ од следната сезона, а досегашниот втор голман Бастиан Ручшман ќе ја продолжи својата кариера во Гепинген.
Николај Јакобсен, тренерот на екипата на Рајн Некар Ловен по официјалното претставување изјави:

“Со Дарко Станиќ добивме искусен голман, кој веќе се навикнува на темпото во Бундеслигата. Тој ќе го комплетира одличното голманско дуо заедно со Микаел Апелгрен“

Дарко Станиќ не го криеше задоволството од трансферот во својот нов клуб:

„Со нетрпение го чекам првиот настап за Рајн Некар Ловен. Заедно со Микаел Апелгрен сакам да помогнам да го зачуваме голот на амбициозните „лавови“. Но се до летото мојата концентрација е насочена кон Битигхајм. Потоа се отвара ново поглавје за мене во врвен европски тим.“