ОФИЦИЈАЛНО: Веспрем го промовираше Блаж Благотиншек

Составот на Веспрем не запира со засилувањата. Од денес официјално во финалистот од Лигата на шампионите пристигнува словенечкиот пивот Блаж Благотиншек. Дваесет и две годишниот интернационалец потпиша три-годишен договор со управата на клубот, кој на таа позиција веќе ги има Ренато Сулиќ и Андрес Нилсен. Младиот словенечки репрезентативец е висок 202 сантиметри и ќе претставува вистинско засилување во бедемот пред голот на Алиловиќ.

Новото име само ја потврдува амбицијата на новиот спортски директор Никола Еклемовиќ конечно да го искачи унгарскиот ракометен гигант на тронот на Европа.

Трансферот создаде дополнителни проблеми кај стручниот штаб на Целје, кој мора да го искористи наредниот период да најде вистинска замена во составот пред почетокот на Лигата на шампионите.