Официјално: Веселин Вујовиќ нов тренер на ППД Загреб

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња, човекот кој го издигна Вардар во ракометна Eвропа, црногорскиот стратег Веселин Вујовиќ ќе биде нов тренер на хрватскиот шампион ППД Загреб. Денес, 21 септември, на вонредна прес конференција на која присуствуваше целата управа на клубот, тој беше промовиран како големо засилување и нова надеж на младите ракометни имиња од ППД Загреб.
Новиот шеф на стручниот штаб на хрватскиот првак, трипати ја освојуваше тогашната Лига на шампиони како играч со Металопластика и Барселона, а како тренер со Суидад Реал го оасвои ЕХФ Купот, со репрезентацијата на Србија и Црна Гора се пласираше на 4-то место на Олимписките игри 2000.
Во 1988 година тој е првиот ракометар на кој му е доделена титулата најдобар играч на годината, награда која ИХФ ја доделува традиционално секоја година.
На промоцијата на новата функција во хрватскиот шампион, тој изјави:
Голема чест ми е што ќе работам како тренер тука во Загреб. Ова за мене е голем предизвик, пред се затоа што во мене сеуште има адреналин и чувствувам глад за титули. Загреб е клуб со богата традиција, низ него поминале бројни играчи и тренери и сметам дека на секој тренер би му претставувало чест да работи во овој голем клуб. Во минатото господинот Гобац се обиде да ме доведе како играч во Загреб од Барселона.Тогаш во тоа ме спречија некои лоши настани, но еве ме сега, конечно стигнав па макар и како тренер. Загреб има млада и потентна екипа, а јас сум тренер кој веќе докажа дека може и знае да постигне резултат со млади играчи. Искрено верувам дека оваа соработка ќе биде долга и успешна.
Премиерата на клупата на Загреб, Вујо0виќ ќе ја има во среда 24 септември кога во рамките на СЕХА лигата ќе ја пречекаат екипата на Војводина.