Официјално: Велко му се придружи на Никола во Струмица

Браќата Маркоски повторно ќе ги бранат боите на ист клуб!
По вчерашното официјализирање на договорот со Никола Марковски, денес официјалната страна на струмичките “рисови” објави дека е постигнат договор и со неговиот постар брат, Велко Маркоски, кој во продолжение на сезоната ќе биде главниот столб во одбраната на струмичани.
Браќата Марковски ги бранеле боите на двата најдобри клуба во Македонија, Вардар и Металург, а веќе неколку години заедно настапуваат и за ракометната репрезентација на Македонија.