ОФИЦИЈАЛНО: Брозовиќ го одбра Кил !

Повредите на Винчек и Тофт Хансен, ги принудија челниците на германскиот шампион експресно да бараат ново решение за испразнетата пикерска позиција. Решение најдоа во 24-годишниот хрватски интернационалец Илија Брозовиќ кој потпиша договор со „зебрите“ до 30 јуни 2017.

Брозовиќ беше единственото логично решение за Кил, бидејќи освен квалитетот тој ќе има право на настап во Лигата на шампионите.

 “Бевме во потрага по кружен напаѓач кој ќе биде со ист квалитет како Винчек и Рене во напад и одбрана. Го најдовме во Илија Брозовиќ.“ -истакна тренерот на Кил, Алфред Гисласон, по потпишување на договорот со хрватскиот репрезентативец.

Брозовиќ потекнува од Сплит, своите ракометни почетоци ги направил во Метковиќ, пред да замине во редовите на хрватскиот шампион ППД Загреб. Сезоната ја започна во Хамбург, клуб кој поради финансиски причини мораше да се откаже од неговите услуги..