ОФИЦИЈАЛНО: Бојан Маџовски потпиша за Еурофарм Работник!

Досегашното лево крило на тимот на Металург и на последните дуели против Исланд и репрезентативец на Македонија, Бојан Маџовски следната сезона одново ќе игра во Битола.

Како што пред повеќе од еден месец прв најави 24Ракомет, тој се сели во редовите на Еурофарм Работник и има договор на три години така што ќе има можност да настапува во тимот кој добива на сè поголем квалитет.

Маџовски во сезоната 2017/2018 играше веќе во Битола, но тогаш беше дел од тимот на Пелистер. Оттаму него добро му е позната атмосферата во овој град, па нема да има никакви проблеми за адаптација.

Ова е вториот играч на Металург кој треба во текот на летото да се пресели во редовите на Еурофарм Работник. Покрај него веројатно и Марио Танкоски оди за Битола. Претходно голманот Никола Митревски потпиша за битолскиот клуб.