ОФИЦИЈАЛНО: Андон Бошковски две години на клупата на Роман

Денес градоначалникот на градот Роман и официјално го презентираше новиот стратег на клупата на женскиот состав ЦСМ Роман. Андон Бошковски се наоѓа пред нов предизвик овојпат во романската женска лига каде според договорот ќе остане во наредните две сезони. Бошковски го наследува Флорентин Пера кој го водеше тимот до фајнл фор турнирот во Купот на Романија.

ЦСМ Роман е амбициозна екипа која оваа сезона во романското првенство ја заврши на петтата позиција. Целта на управата за наредните години е да се приклучат кон врвот на табелата во романскиот шампионат каде засега неприкосновен е европскиот шампион ЦСМ Букурешт. Токму затоа клубот се одлучи да ангажира странски експерт кој треба да и помогне на екипата во реализација на посакуваните планови. Главна ѕвезда во тимот е украинката Ирина Глибко, една од трите интернационалки во екипата оваа сезона.

Андон Бошковски ја започна својата кариера во Работнички, како тренер застана на клупата на тогашниот суперлигаш Богданци, беше помошник тренер во Металург и Вардар, а од оваа сезона повторно го превзема кормилото на скопски Работнички и успеа да го однесе во плеј-оф фазата на македонското првенство. Ова ќе биде прво интернационално искуство за македонскиот тренер.