Откако дојде Стојчевски, Ферндорф не знае за пораз

Откако Никола Стојчевски почна да настапува, тимот на Ферндорф не знае за пораз во Втората Бундес Лига. По двете реми исходи на дуелите против Сарлуа и Нојхаузен, како и по победата над Фризенхајм во кои македонскиот бек беше најефикасен, Ферндорф забележа победа и над Рошток со 29:26, во натпревар од 14 коло.

Стојчевски на овој дуел постигна 4 голови, но подели и 5 асистенции до соиграчите, па има голема заслуга за новата победа, со која Ферндорф почна да се искачува кон средината на табелата. Следниот дуел Ферндорф го игра на гости против Есен.