Откажан летот за Келн – вардарци заминуваат за Дизелдорф!

Ракометарите на Вардар немаа среќа денеска со летовите. Иако безбедно слетаа во Виена по летот од Скопје, сепак на аеродромот во австриската престолнина ги чекаше непријатно изненадување.

Летот на компанијата „Аустриан Ерлајнс“ од Виена до Келн беше откажан!

Сепак најдено е алтернативно решение, па вардарци ќе летаат за Дизелдорф во исто време. Би требало да пристигнат во овој германски град околу 19:30 часот, па оттаму со автобус ќе се упатат кон крајната дестинација.

Би требало да бидат во хотелот „Радисон Блу“ околу 22:30 часот.