Отворено деветтото коло на ЛШ: Фленсбург се намачи против Бешикташ

Со натпреварот помеѓу актуелниот европски првак Фленсбург и турски Бешикташ беше отворено деветтото коло на ЕХФ Велукс Лигата на шампионите. Германскиот состав славеше со 31-27 (15-14), во натпревар во кој гостите од Турција се покажаа во добро светло и доколку одиграа малку по концентрирано во нападот можеа да му откинат планирани бодови на фаворитот.
Данскиот интернационалец Егерт со осум и Јакобсон со седум постигнати погодоци беа најпрецизни во екипата на Фленсбург. На спротивната страна Нинчевиќ со седум и Дачевиќ со шест гола го предводеа нападот на Бешикташ.

Flens-bes
фото: sg-flensburg-handewitt.de/ Јохан Јакобсон