Ослабената Астраханочка пресилна за Лајпциг

По ремито меѓу Вардар и ФТЦ во првиот меч од Лигата на шампионите, во групата Б се одигра и вториот натпревар, во кој рускиот првак Астраханочка, славеше на домашен терен против Лајпциг со 27.24.

Иако ослабени поради финансиската криза во тимот, и покрај 16 технички грешки, домаќинките успеаја да победат. На стартот на мечот се играше најчесто гол за гол, беше 8:8 во 25 минута, пред Астраханочка да направи серија за водство до 13:9 на полувреме.

Предноста од четири голови ја одржуваа во вториот дел, имаа и пчус шест на два пати, во 40 минута, 19:13, а во 50 минута и 23:17. До крајот уште по некој гол на двете страни во неинтересниот натпревар со вкупно 36 технички грешки на двете страни за конечни 27:24.

Најефикасна кај домашниот состав беше Карина Сисерова со 7 голови, додека Лајпциг го предводеше Каролина Кудлач со исто толку.