Орјоникидѕе „удри“ против своите, пелагонискиот двобој за Пелистер

Пелистер ги однесе бодовите од пелагонискиот двобој, откако победи на гостувањето кај Прилеп со 23:26, во интересен натпревар од 5 коло во Суперлигата. Битолчани ја продожија победничката серија, па по поразот од Радовиш во 1 коло, знаат само за победи.

Во првиот дел најчесто се играше гол за гол и полувремето заврши 12:12. Во второ полувреме Плеистер прв направи исчекор и поведе со 5 голови разлика, 17:22. Домашните стигнаа до 20:22, но немаа сили за да се вратат комплетно во мечот и пелистерци искусно го приведоа кон крај за конечни 23:26.

Најдобри во победничкиот табор беа двајца поранешни ракометари на Прилеп, Орјоникдѕе, кој се стекна со афирмација во овој тим, како и Чантурија. Тие двајцата искомбинираа 18 голови од вкупно 26 на битолскиот тим. Кај Прилеп се истакна Менде Петкоски со 6, Петар Шајин даде 5, а деби за тимот на Ице Соколески имаше Митко Стоилов.