Ортега на кормилото на Веспрем до 2017!

Управата на ракометниот клуб Веспрем, по интензивни преговори потпиша договор со досегашниот тренер, шпанскиот стратег Антонио Карлос Ортега до 30 јуни 2017 година, со што го обезбеди развојот и напредокот на екипата под водство на искусниот стратег. Договорот е потпишан во сабота пред натпреварот со Вардар во рамките на Лигата на шампионите. Неговиот заменик Хавиер Сабате истотака ќе остане на клупата на Веспрем и со него е потпишан двегодишен договор.
По одличните настапи во Лигата на шампиони и заслилувањата кои се планирани за следното лето, Веспрем сигурно ќе владее со ракометна Европа во годините кои претстојат.