Ортега: Веруваа во победата до последната секунда!

Признание за одличната игра на ракометарите на Загреб пристигна и од тренерот на унгарскиот гигант, Веспрем. Ортега потврди дека не е изненаден со текот на натпреварот и е задоволен со изборениот пласман во финалето на СЕХА лигата.

Карлос Ортега, тренер на РК Веспрем:

Веруваа во победа до последна секунда. Очекував ваков натпревар. Кога ние не погодувавме во напад тие постигнаа три голови кои беа многу важни. Правевме грешки но сепак го постигнавме последниот гол за победа. Имаме уште долг пат да изодиме.

Герг Иванчиќ, ракометар на РК Веспрем:

Гледачите имаа прилика да одгледаат добар натправар, двата тима играа одлично, но ние се подготвуваме цела недела за овој натпреавар. Започнавме силно во прво полувреме, но имавме грешки во вториот дел, затоа сме среќни што во финишот на натпреварот успеавме да постигнеме гол за победа.