Ортега: Вардар беше подобар противник во сите шеесет минути!

На прес конференцијата по натпреварот меѓу Вардар и Веспрем, своите импресии од последниот натпревар ги дадоа Гонзалес, Ортега, Шуч и Милиќ.

Карлос Перез Ортега,тренер на екипата на Веспрем:
Честитки за екипата на Вардар, тие беа подобри во сите шеесет минути, имавме проблеми во нападот, одбраната не беше на вистинското ниво, а мислам дека за мојот тим ова е втор пат како се случува тоа, но овојпат сум загрижен.

Иштван Шуч, ракометар на МBМ Веспрем:
Честитки за Вардар играа денес добро имавме многу грешки и во напад и во одбрана, но мораме да се опоравиме бргу да дадеме се од себе во осмина-финалето на Лигата на шампионите, се надевам дека ќе се реваншираме на Фајнл-Фор, животот продолжува понатаму.

Раул Гонзалес, тренер на екипата на Вардар:
Задоволен сум од натпреварот, од ракометарите и се што се случуваше, мислам дека сите сме задоволни бидејќи ова беше еден пријателски натпревар. Среќен сум за тоа што шанса да играат добија сите ракометари. Обете екипи се со мислите на дуелите од Лигата на шампионите и ние мораме да се фокусираме на наредниот натпревар.

Страхиња Милиќ, голман на РК Вардар:
Им честитам на Веспрем за фер и коректната игра, сакам да им честитам на моите соиграчи за прикажаната игра, одработивме се што Раул барање од нас. Денес ќе се одмориме, а од утре ќе се фокусираме на Висла Плок.