Оригинален одговор на Киелце за „Спартанците“ од Барселона (ВИДЕО+ФОТО)

Минатата недела ракометарите на Барселона го објавија промотивниот видео материјал за својот клуб. Во фантастичен видео запис, ракометарите на актуелниот европски клупски првак како „спартанци“ го бранат трофејот од натрапниците, претставени преку најголемите клубови во Европа.

На македонскиот првак му недостасуваше малку за да ги покори актелните европски владетели. Вардар со два пораза ќе ја очекува својата шанса за реванш во елиминациската фаза.

Затоа полскиот шампион не им прости на Каталонците. Киелце по нерешениот резултат во Полска, храбро се спротистави на домаќинот во „Блауграна“ и на крај беше поуспешен за два погодока. Големата победа на полскиот шампион веднаш ја искористија од службата за социјални медиуми и на оригинален начин им возвратија на шпанските прваци за промотивното видео.

Веднаш по завршување на натпреварот на официјалниот профил на социјалната мрежа инстаграм, се појави слика на Славомир Шмал и Михаил Јурецки облечени во слични „униформи“ како „спартанците“ од Барселона со натпис „Борци? Да ги имаме најдобрите!“

KielceМинатата сезона Киелце направи сличен видео спот за својот тим, а ова беше уникатна можност да се стави сол на раната на каталонскиот гигант…