Операција на срцето нема да го спречи да игра, Виеира се враќа на терените во ноември

Ракометарот кој настапува на позицијата десен бек во тимот на Адемар Леон, а е член и на репрезентацијата на Аргентина, Федерико Виеира поради проблеми со срцето мораше да биде подложен на хируршка интервенција. Виера имаше нарушен ритам на срцето, па ова го одалечи од терените.

Операцијата помина во најдобар ред, а лекарите му препорачаа одмор без големи физички напори. Виеира сега води нормален живот и ќе остане во Аргентина под надзор на неговите лекари додека трае заздравувањто.

Проценките на лекарите се дека Федерико Виеира најбрзо што може да се врати на ракометот е ноември. Сепак, тоа ќе зависи и од брзината на неговото закрепнување. Тој е 31 годишен стандарден репрезнтативец на Аргентина и досега има остварено околу 200 настапи за сениорската селекција.