Операцијата успешна, пред Деревен долг период на рехабилитација!

Левиот бек на Вардар, младиот руски интернационалец Александер Деревен беше успешно опериран на клиника во Аугсбург, Германија. Првите информации по хируршкиот зафат се позитивни, а операцијата поминала во најдобар ред.
Рускиот репрезентативец ги повреди предните вкрстени лигаменти, на мечот против Рајн Некар Ловен, а неколку денови подоцна лошата вест официјално ја потврди и македонскиот шампион.
Пред Деревен претстои долгиот процес на рехабилитација, кој вообичаено за вакви повреди трае околу шест месеци.