Операцијата е одложена: Брумен на посебен режим до Висла!

Во денешното соопштение на официјалната страна, РК Вардар, информираат дека десното крило на „црвено-црните“ Матијаж Брумен засега ќе може да настапува без да се изврши оперативен зафат на неговото десно рамо.
Специјалистичкиот тим лекари по неопходните прегледи и консултации утврдиле дека засега Словенецот може да се натпреварува по завршување на процесот на рехабилитација на десното рамо.
Стручниот штаб се надева дека Брумен ќе биде подготвен да им помогне за важните натпревари против полскиот вице-првак Висла Плок во рамките на елиминациската фаза од Лигата на шампионите. Првиот натпревар е на 14 март во Полска, а реваншот дуелот е закажан за 21 март во спортскиот центар „Јане Сандански“.


ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ