Омејер: Раул ја потврди својата вредност

Иако се уште не е јасно дали 41-годишниот француски голман Тјери Омејер ќе соработува со Раул Гонзалес во ПСЖ, сепак легендарниот чувар на мрежата, чиј договор истекува на лето, упати низа комплименти на адреса на шпанскио тренер.

„Раул не го познавам лично, но неговиот сонародник Коралес ми кажа убави зборови за него. Раул ја докажа својата вредност, најмногу лани кога ја освои Лигата на шампионите со Вардар. Веќе има големо искуство и може да добиеме многу со него. ПСЖ сигурно ќе игра поразлично под негово водство. Во секој случај, тој беше желба на менаџментот на клубот.“ – изјави Омејер за француските медиуми.