Олимпискиот шампион по одбрана на златото: Кариоките останаа да сонуваат за некоја наредната Олимпијада

Амбициозниот состав на Бразил сериозно го прифати предизвикот кој го носи организацијата на олимписките игри. Бразилската федерација ангажираше визонер човек со план, човек-легенда на светскиот ракомет Жорди Рибера, но умешноста на шпанскиот стратег не можеше да се натпреварува со квалитетот на олимпискиот првак.

Бразилците покажаа храбра игра во првиот дел, а мотивот ги водеше во егал завршница. Иако Франција го контролираше резултатот на крајот двете екипи ги задржаа своите шанси за олимписки медал. По првите триесет минути двете репрезентации постигнаа по шеснаесет голови (16-16).

1k4pCz5Y

Во вториот дел, Бразил преку Де Толедо го имаше почетното водство, но слично како и во првиот дел  дозволи низ средината на полувремето Франција да доминира што резултираше со шест погодоци предност во 50-та минута (23-29). Тоа беше доволно искусните олимписки шампиони да го одведат натпреварот во рутинирана завршница и со конечни  27-34 да прослават ново полуфинале на Олимписките игри.

Гигу со осум и Нарцис со седум постигнати погодоци беа најпрецизни кај победничката екипа, во составот на Бразил, Позер постигна осум голови, Дос Сантос беше стрелец со седум но недоволно за нешто повеќе од пораз.

Во полуфиналниот дуел, Франција ќе игра со подобриот од четвртфиналниот дуел меѓу Катар и Германија.