Олга Черноиваненко во добро издание против Холандија

На пријателски натпревар репрезентацијата на Русија беше поразена од Холандија со 27:25 (17:13). На теренот одлично беше вардаровото крило, Олга Черноиваненко која беше втор стрелец во руската екипа со пет погодоци, два повеќе постигна искусната Екатерина Илина. Холандија беше предводена од Еставана Полман која беше најефикасна во својата репрезентација со пет постигнати погодоци.

Пред два дена Холандија и Русија ремизираа со 29:29 (13:16). На овој натпревар Олга Черноиваненко два пати се запиша во листата на стрелци.