Од хармонија до точка на вриење: Топло-ладно на трибините во „Јане Сандански“! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Некогаш привлекуваше новинари од сите краишта на Европа, денес во спортскиот центар „Јане Сандански“ можеа да се забележат единствено вистинските љубители на ракометот. Без шминка, помпа и статуси по социјалните мрежи започна некогаш големото балканско дерби, денес само шести натпревар во низа, за Вардар оваа недела.
Додека најверните навивачи на двата тима, „Комити“ и „Пирати“ преку своите песни, постојано меѓусебно си дофрлуваа, во долниот дел на трибините владееше хармонија. Се пееше и за верноста, рубљите, финансиите и силата на двете навивачки групи, а позитивните лица на женскиот колектив на Вардар и нивните „спаринг“ колешки од Франција на спортивната страна, не оставија никого рамнодушен, па ниту актерите на теренот…

[Best_Wordpress_Gallery id=”91″ gal_title=”Vardar-Metalurg (OKOLU TEREN 25.04.2015)”]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ