Од Татран порачаа: Посакуваме Металург да се пласира во елиминациската фаза

Металург ја забележа четвртата победа во Лигата на шампионите и со победа на гостувањето кај Ла Риоха, ќе има шанса да се бори за второто место во групата Ц, кое води во разгирувањето, односно во 1/16 финалето од Лигата на шампионите. Во таборот на словачкиот шампион, не беа задоволни од прикажаната игра, но на прес конференцијата порачаа дека посакуваат Металург да се пласира на второто место и да оди понатаму.

„Честитки до Металург за победата, Беше многу добар меч, голема борба меѓу двете екипи, и овој дуел го реши прашањето кој ќе има шанса за првите две места, па Металург ќе има шaнса за се пласира во следната елиминациската фаза. Ние не покажавме тоа што посакувавме, имавме проблеми со десното крило и игравме во составот со неколку младинци. Металург со новите играчи играше многу добро денеска, сите бекови им беа подобри денеска во споредба со првиот наш меч, па заедно со одличниот голман, беа причината за нашиот пораз. Ние немавме многу поддршка од бековите и одбраната не беше вистинска. Посакувам Металург да се пласира понатаму од нашата група.“ – изјави тренерот Растислав Тртик.

„Честитки за домашните. Ова беше многу добар дуел за Металург. Ние дојдовме по победа овде, но за жал не стигнавме до неа. Во вториот дел Металург направи разлика и ние моравме да ја намалиме разликата. Ние пробавме да се доближиме, но против противник како Металург, тоа воопшто не е е лесно. Ни остануваат уште два меча до крајот на групната фаза, па сакаме да освоиме уште некој бод.“ – изјави Вјачеслав Садовиј.