ОД РАЗОЧАРУВАЊЕ ДО ЕКСТАЗА: РУСИНКИТЕ НАВИКНАА НА ПРЕСВРТИ, ПАДНА ГОЛЕМАТА ШВЕДСКА

Честа да го одиграат третиот денешен натпревар им припадна на репрезентациите на Шведска и Русија. Швеѓанките беа подобри по одигрувањето на првите 30тина минути, а второто полувреме донесе вистински возбудувања и одлична акција во „Арената на иднината“ во кое Русинките успеаа разликата од 6 погодоци да ја свртат во своја полза и да триумфираат со 36-34

Одлично прво полувреме одигра Шведска против Русија кога успеа да замине на пауза со позитива од три погодоци. Одлично расположени беа Хагман, Гулден и Торстенсон кои го дадоа најголемиот број на погодоци за својата репрезентација во првиот дел. Тежок удар за Русија беше црвениот картон за најдобрата поединка во рускиот состав – Вјахирева која го заработи после судирот со противничкиот голман на три минути пред крајот на првиот дел кој заврши во полза на Шведска 18-15.

Фуриозно стартуваа Швеѓанките во вториот дел, кога направија одлична серија што им донесе позитива од 6 погодоци 24-18. Дополнителни проблеми за Русија донесе и повредата на Седојкина, но Близнова капитенски ја поведе својата репрезентација и намали на три погодоци разлика 24-21. Русија намали на само еден погодок кога Жилинскајте погоди од линијата од 7 метри, а Сен како пивот ја проби мрежата на Шведска 26-25. Дмитирева ја искористи грешката која Шведска ја направи во нападот и изедначи во 49та минута 27-27. Вториот црвен картон го заработи Јакобсен по остриот старт над Мареникова, а Боборовникова и го донесе првото водство на Русија 32-21. Дмитиреба во последните две минути и донесе плус 3 на Русија која успеа да ја одржи предноста и забележа победа 36-34.

Најдобари стрелеци кај победничката репрезентација беа Дмитирева и Бобровникова со 6 голови, додека кај поразените Гулден постигна 11.