Од Келце потврдија дека преговараат со Скубе

Претседателот на Келце, Бертус Сервас ги потврди најавите на 24ракомет дека се во преговори за ангажирање на уште еден бек од Вардар. Словенецот Сташ Скубе кој на почетокот на сезоната пристигна во Скопје може по една сезона да се пресели во Полска.

,,Не е тајна дека контактиравме со Скубе. Правиме се за да го надоместиме заминувањето на Лука Циндриќ во Барселона. За сега имаме некои несогласувања, ние нудиме договор на три години, но тој сака да потпише за една сезона. Можеби ова се должи на фактот дека тој има веќе договор со друг клуб од сезоната 2020. Ако Сташ ги прифати нашите услови двете страни многу брзо ќе постигнат договор. Треба да се разгледаат сите околности. Сепак Скубе не е наша единствена опција имаме и план Б.  Се работи за двајца млади ракометари, едниот е од Западна Европа, а другиот од Источна Европа, што може да ни направи проблем бидејќи веќе имаме четири играчи кои не се од ЕУ‘‘, рече Бертусе Сервас за „Спортове факти“.

Скубе игра одлична сезона на центрлната бековска позиција во Вардар и доколку не дојде до договор со Келце сигурно нема да има проблем да најде нов клуб, ако замине од Скопје.