Од езеро на море: Кежиќ од Охрид потпиша за ПАОК

Како што најавивме минатата недела на 24Ракомет, хрватскиот интернационалец Јосип Кежиќ својата кариера ќе ја продолжи во грчкиот шампионат во редовите на ПАОК. Тој потпиша до крајот на оваа сезона со тимот од Солун, кој ќе се бори за титулата со Олимпијакос, АЕК и Диомидис.

Во ланската историска сезона за тимот од Охрид, Кежиќ беше еден од главните играчи околу кој се вртеше се во составот. Средниот бек доби исписница од клубот на негово барање, иако имаше валиден договор до крајот на оваа сезона.

Кежиќ потекнува од составот на Метковиќ, а има настапувано и за Сплит, Цриквеница и францускиот тим Вернуије, па настапите во грчкиот шампионат за него ќе бидат трет интернационален предизвик.