Од групата Б до нови изненадувања во Шпанија: Македонија ги доби противниците на Европското младинско првенство 2015!

Денес во Валенсија беше извршена ждрепката за Европското младинско првенство за жени чиј домаќин од 23 јули до 2 август ќе биде Шпанија.

Македонија беше сместена во вториот шешир, и ќе го започне натпреварувањето од групата Б каде ќе ги одмери силите со Русија, селекција која освои сребрен медал на кадетското првенство пред две години, со Германија и условно најслабиот противник Литванија. Македонската селекција веќе покажа дека во младинските категории нема аутсајдери, затоа сега треба да докаже дека првото место на квалификациите во Скопје не беше случајно.

На 23.07.2015 Македонија ќе го отвори Европското првенство против селекцијата на Литванија, на 24.07.2015 Македонките ќе се натпреваруваат со Германија, а на 26.07.2015 Русија ќе биде најсериозниот тест за амбииите на младинките.

Првите две репрезентации од секоја група продолжуваат во главната фаза каде ќе бидат поделени во две групи, а првите две селекции од секоја група ќе се борат за пехарот во полуфиналните дуели.

ГРУПА A ГРУПА Б ГРУПА Ц ГРУПА Д
ДАНСКА РУСИЈА ШВЕДСКА ПОРТУГАЛИЈА
ХРВАТСКА МАКЕДОНИЈА РОМАНИЈА НОРВЕШКА
ЦРНА ГОРА ГЕРМАНИЈА УНГАРИЈА ШПАНИЈА
СРБИЈА ЛИТВАНИЈА ФРАНЦИЈА БЕЛОРУСИЈА