Од Бутел Скопје во Радовиш – потпиша десниот бек Филип Николов

Десниот бек Филип Николов, кој успешно може да ја покрива и позицијата десно крило, си замина од македонскиот претставник во ЕХФ Купот – Бутел Скопје.

Велешанецот во новата сезона ќе ги брани боите на составот на Радовиш, кој има амбиции да дотурка до плеј-оф и полека ја склопува екипата.

Од лани договорите ги продолжија Паунов, Илиев, Ѓорѓиев, Билиќ, Долдуров, Органџиев, а потпиша и пикерот Пеце Ѓорѓиески.

Од раководството на Радовиш се најавува ангажман на уште најмалку две засилувања, кои би требало да ги има на располагање тренерот Мијалов до крајот на јули.