Од Битола во Франција: Вешоски потпиша за Вилфранш

Македонскиот десен бек Константин Вешоски, кој во минатата сезона го носеше дресот на битолски Пелистер, во новата сезона ќе биде интернационалец во Франција. Тој потпиша едногодишен договор со тимот на Вилфранш, што за него ќе биде практично враќање во оваа држава, бидејќи претходно играше за Монтелимар.

Вилфранш игра во Третата француска лига, но има големи амбиции за следната сезона за пласман во ранг погоре. Вешоски ќе биде петтиот Македонец што ќе игра во овој тим, по Томе Петрески, Марјан Колев, Кире Атанасовски и Данило Брестовац. Стружанецот кариерата ја започна во родниот град, а потоа настапуваше за Металург, Пролет, Пелистер и Охрид.