Одредени домаќините за претстојните сениорски Европски првенства

Помеѓу одлуките на конгресот на Извршниот комитет на ЕХФ кој се одржа во Умаг, Хрватска, беа обелоденети и предлог земјите домаќини на Европските првенства 2018 и 2020. Земјите- домаќини официјално треба да бидат одобрени од организацијата во септември на следниот конгрес на ЕХФ кој треба да се одржи во Ирска.

Покрај веќе проверените земји домаќини Хрватска (ЕУРО 2018 мажи) и Франција (ЕУРО 2018 жени) за најголемиот континетален собир во ракометот за 2020 година ЕХФ се водеше по други принципи.

Со цел да се обезбеди гаранција и сериозност на земјите-домаќини дека ќе можат финансиски, технички и организациски да спроведат Европско првенство, како што заслужува, челниците на ЕХФ се одлучија за прифаќање на заедничка кандидатура на соседни земји кои ќе бидат домаќини на овие ракометни настани. Ко-организацијата за Европското првенство 2020 година во машка конкуренција ќе се додели на три различни земји Австрија, Норвешка и Шведска, а ќе се одвива така што прелиминарниот круг ќе се одржи во Австрија и Норвешка додека главната круг ќе се одржи во Норвешка и Шведска, со финале во Шведска.

За Женското Европско Првенство 2020 пак, повторно избрани се Норвешка и Данска, ова ќе биде трето Европско првенство како домаќин за Данска, која во 2010 година беше кодомаќин на европското првенство заедно со Норвешка.

Иако новиот начин на размислување наиде на одобрување кај земјите домаќини сепак во ЕХФ не се размислувало за фановите и гледачите кои треба да обезбедат значително поголем буџет за да можат да го проследат настапот на својата репрезентација на овие турнири, за која доколку би се пласирала во финале би можело да ги чини престој во три различни земји и пројдени илјадници километри …

ЕВРО 2018 Мажи: – Хрватска
ЕВРО 2018 Женски – Франција
ЕВРО 2020 Машко – Австрија / Норвешка / Шведска
ЕВРО 2020 Женски – Норвешка / Данска