Одлучувачки натпревар за шампионската титула на Хрватска: Подравка или Замет!

Eкипата на Подравка утре со почеток од 20 часот во Копривница го пречекува ЖРК Замет во последното коло од Хрватската ракометна лига. Со победа против Замет, Подравка ќе стане шампион на Хрватска, а на овој натпревар и одговара и нерешен резултат бидејќи има еден бод предност пред Замет. Иако шансите за победа на Замет се мали, ракометарките од Ријека се надеваат дека во Копривница ќе направат целосна сензација. Од лигата испаѓаат Самобор, Бјеловар и Далматинка. Учество на европска сцена обезбедуваат најдобрите пет екипи.

Табела

1. Подравка 47

2. ЖРК Замет 46

3. Желина 43

4. Локомотива Загреб 38

5. Сесвете 33

6. ЖРК Кока 24

7. Умаг 21

8. Сплит 20

9. Трешњевка 19

10. Осијек 17

11. Зрински 16

12. Самобор 11

13. Бјеловар 10

14. Далматинка  7

Фото: rk-podravka.hr