Одлично отварање за домаќинот против олимпискиот првак: Гол-шоу на Бело и Морк

Домаќинот на ОИ, Бразил, во првото коло од групата А се судри со бранителот на трофејот во женска конкуренција од ОИ 2012, селекцијата на Норвешка. По израмнетиот вовед, репрезентативките на Бразил предводени од голманката Аренхарт и пикерот Пиедаде успеаа да  создадат предност од два разлика, 6 – 4. Периодот од 5-та минута па се до 20- та мунута беше кризен за Норвежанките. Бразил со одличните полу –контри и головите на Пиедаде, Насименто и Родригез ја зголеми разликата на 10-6 во 17-та мунута. Иако изгледаше дека Бразил ќе продолжи со лесни голови, репрезентативките на Норвешка во последните пет минути успеаа да се вратат во игра преку Нора Морк, а пред самиот крај на првото полувреме новата надеж на репрезентацијата на Норвешка, Емиле Хег, намали на само еден разлика 17-16, резултат кој го одбележа првото полувреме.

Кон крајот на првото полувреме на голот на Бразил застана новата ракометарка на Вардар, Мајса Песоа, а добрата форма ја покажа и во второто полувреме.

Во 36-та минута конечно Норвешка успеа да изедначи преку Аманда Куртовиќ ( 18 – 18). Бразил бргу се врати во својот ритам, ја превзеде контролата врз резлутатот и во неколку наврати успеа да ја зачува предноста од 1 – 2 голови разлика. Во 47-та мунута Родригез го зголеми водството на три разлика, 24-21 и од тој момент започна да паѓа играта на Норвешка. Солидна на голот беше и Песоа која ги  докажа своите голмански вештини со добрите одбрани во вториот дел. На крајот Бразил славеше победа со  31 – 28 и ги запиша првите бодови на стартот од ОИ.

Фантастична игра денес прикажа гол-машината Ана Паула Родригез-Бело која постигна 12 погодоци, а ја следеа Фашинело со 5 и Талеска со 4 голови. Кај Норвешка, стандардно Нора Морк беше предводник на нападот, но ниту нејзините 12 погодоци не беа доволни за да се избегне почетниот пораз.

Во следното коло за два дена, домаќинот Бразил ќе игра против Романија (21:30), додека Норвешка ќе ја бара првата победа против Шпанија (19:40).