Одлично издание на Никола Стојчевски и Редбергслид во победата над Дрот!

Македонскиот повремен репрезентативец, Никола Стојчевски одигра одлична партија во дресот на неговиот тим, Редбергслид кој славеше победа против Дрот со 34:28 (18:11) во рамките од 30.коло во шведскиот шампионат. Стојчевски беше најдобар стрелец на теренот и зад своето име запиша 8 погодоци. Со победата против Дрот екипата на Редбергслид има шанси да се пласира меѓу трите најдобри клубови во Шведска. Во следното коло составот на Редбергслид гостува кај Алингас. Екипата на Алингас игра во променлива форма по елиминацијата во Лигата на шампионите.

Фото: Redbergslids IK