Одлично деби за Иван Ангелов, но не можеше сам против ПАОК

Иван Ангелов од сезонава го има првиот интернационален предизвик во неговата кариера и ќе настапува во грчкиот шампионат во редовите на Аеропос Едеса. Поранешниот младински репрезентативец веќе дебитираше за грчкиот тим, но неговиот тим загуби дома од незгодниот состав на ПАОК со 24:28.

Ангелов, иако лани играше најчесто на пикерската позиција во Вардар, сега настапува како лев бек во грчкиот тим и беше најдобар стрелец со 6 постигнати голови, но и тоа беше премалку за да биде забележан позитивен резултат на оваа средба. Следен предизвик за него и Аеропос ќе биде гостувањето кај Фоивос следниот викенд.