Одлични пеналџии: Блажески и Андоновски со најмногу голови и најдобар процент

Десното крило на Охрид, Бобан Блажески и организаторот на играта на Пролет, Ласко Андоновски се стрелци на најмногу голови од линијата од седум метри после деветте кола во Супер машката лига. Двајцата беа пред конкуренцијата така што се на врвот на листата.

И двајцата имаат висок процент на реализација што секако покажува дека се во одлична форма и дека одлично ги изведуваат ударите од седум метри, па голманите сигурно ќе имаат големи проблеми со нив до крајот на сезоната.