Одлични изданија на Трпковска и Петковска, Ардесен го освои домашниот турнир

Двете поранешни ракометарки на Вардар СЦЈС, Маја Трпковска и Драгана Петковска, заедно се и во новиот клуб Ардесен. Турскиот клуб го освои подготвителниот турнир кој беше во нивна организација со три победи на три натпревари.

Во првото коло Ардесен славеше над Азериол од Азербејџан со 31:27, во второто беше подобар од вториот азербејџански тим Азерсо со 33:27, додека во третото коло, што практично беше и финале, Адерсен го победи Трабзон со 36:30.

Двете македонски репрезентативки имаа одлични остварувања. Трпковска даде вкупно 16 голови, на првиот дуел 8, на вториот 3 и на третиот 5, додека голманката Петковска на последниот дуел забележа 15 одбрани, додека имаше солидни остварувања и на првите два меча.