Одличниот Лазаров за гостинска победа на Темишвар во ЕХФ Купот

Романскиот преставник во ЕХФ Купот, Темишвар со победа се враќа од гостувањето во Кристијансанд. Одличниот Филип Лазаров му донесе минимална победа на романскиот состав против ОИФ Арендал во рамките на второто коло од ЕХФ Купот.

Неизвесното прво полувреме кое заврши со конечни 12-12, се преслика и во вториот дел од кој посреќен крај извлече гостинскиот состав за конечни 23-24. Темишвар заминува за Романија со еден гол позитива во пресрет на ревашот кој ќе се одигра наредната сабота.

Ларс Јакобсен ја предводеше листата на стрелци со осум погодоци, додека Филип Лазаров беше прв стрелец за својот тим со седум погодоци.