Одличниот Дејан Манасков го предводеше Вецлар до нова победа!

Екипата на македонското репрезентативно лево крило, забележа нова победа против екипата на Фризенхајм. Дејан Манасков, беше најзаслужен за победата на Вецлар, со седум погодоци од осум обиди тој беше прв стрелец на својот тим.
Екипата на Вецлар својата работа ја заврши во првото полувреме кога ја направи највисоката предност од девет погодоци 20-11.
Балиќ со прецизен удар го отвори вториот дел за највисоката предност на натпреварот од десет разлика 21-11. По високото водство, во средина на второто полувреме ракометарите на Вецлар го намалија темпото и дозволија ракометарите на Фризенхајм да фатат приклучок. На десет минути пред крај разликата се намали на три голови 28-25. Тоа беше се што направи екипата на Фризенхајм, која моментално се наоѓа на 15-та позиција во Бундеслигата.По шеесет минути игра, ракометарите на Вецлар извојуваа победа од 32-27.
Со оваа победа Вецлар за момент се издначи на осмата позиција со екипите на Хамбург и Гумерсбах.