Одличниот Арнаудовски не му помогна на Ферлах

Составот на Ферлах, каде што настапува македонскиот репрезентативец Ристо Арнаудовски загуби на гостувањето кај Линс цо 32:27, во натпревар од 15 коло на австрискиот шампионат.

И покрај одличниот настап на Арнаудовски кој беше втор стрелец со 6 голови, сепак неговиот тим попушти во финишот и остана без бодови. Ферлах се наоѓа на 6 позиција на табелатаи се уште има шанса за пласман во плеј-офот, а следниот натпревар ќе го игра на гости кај Брегенц.