Одлична партија на Ливриниќ, минимален пораз на Галаци

Во рамки на 21. коло од романското првенество, тимот на Данубиус Галаци каде што настапува Елена Ливриниќ бараше нови бодови против екипата на Магура. И покрај одличниот настап на репрезентативката на Македонија, Галаци забележа нов пораз, 27:28.

Ливриниќ беше втор стрелец во својот состав со постигнати осум голови и уште еднаш потврди дека игра во одлична форма. Добрите настапи на Ливриниќ можат само да го радуваат селекторот Симовски во пресрет на бараж натпреварите.

Галаци имаше добро полувреме по кое имаше водство 15:13, но до крајот на натпреварот не успеа да го задржи водството и да обезбеди победа. Со овој пораз Галаци останува на последното место на табелата во романското првенство со само пет освоени бода.