Одличен старт на вардаровата авантура за пикерот: Цвијиќ го одбележа првото коло во ЛШ (ВИДЕО)

Вардар на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите го победи составот на ФТЦ и покажа дека и годинава ќе биде еден од главните фаворити за освојување на титулата. Една од најдобрите ракометарки на теренот беше српската репрезентативка Драгана Цвијиќ

Таа уште на првата средба покажа дека ќе биде големо засилување за Вардар оваа сезона. Одигра одличен натпревар против ФТЦ, како во одбраната, така и во нападот и постигна 7 гола од исто толку обиди, па сосема заслужено се најде во изборот на ЕХФ за „Трите ѕвезди“ за првото коло. Погледнете ТУКА.