Оденсе и Флери дел од подготвителната агенда на Вардарки за новата сезона

Ракометарките на ЖРК Вардар на 27 јули ќе ги стартуваат подготовките за наредната натпреварувачка сезона. По веќе проверениот систем на подготовки на 4 август во Скопје пристигнува екипата на Оденсе од Данска со која македонските шампионки ќе имаат шестдневни заеднички подготовки. По почетната фаза вардарки на 10 август заминуваат во Франција каде ќе имаат подготвителен камп заедно со РК Флери,а во склоп на подготовките во Франција се планирани и натпревари со Флери и Париз. Крајот на август поточно 20 август е резервиран првиот официјален подготвителен турнир кој ќе се одржи во Романија (Букурешт) а на кој ќе учествуваат едни од најдобрите женски ракометни клубови во Европа.

ПРОГРАМА НА ПОДГОТОВКИ:

27 ЈУЛИ– Почеток на подготовките

4-9 АВГУСТ– Заеднички подготови со Оденсе во Скопје

10-19 АВГУСТ – Подготовки во Франција (Флери)

20 АВГУСТ– Подготвителен турнир во Романија(Букурешт)