Огромни измени во составот на унгарскиот шампион: Томори и Грот нови играчи на Ѓер

Актуелниот освојувач на Лигата на Шампионите во женска конкуреција – Ѓер во текот на следната сезона ќе претрпи доста измени во играчкиот кадар.
Во составот на Ѓер после неколку годишна пауза се враќа Сузана Томори која поради недисциплина беше исфрелена од тимот.
Холанѓанката Нике Гроот ќе ја засили централната бековска позиција, додека Хејди Локе на линијатa од шест метри ќе добие поддршка од страна на Јевете Брош. Надежта на унгарскиот ракомет Габриела Тот ќе ја има можноста конечно да заигра за првиот тим, а голманот на унгарската репрезентација Ева Кисс ќе биде новиот чувар на мрежата.

“Градиме тим кој е вистински фаворит во сите турнири, но ние исто така се обидуваме да се изградиме играчи од нашите младински тимови и доколку постои шанса ние се сакаме да имаме унгарски играчи на располагање” изјави Ерно Келешени

Јелена Грубишиќ и Весна Милановиќ-Литре, Катрин Лунде-Харалдсен, Макарена Агилар, како и Орсолја Хер, Агнес Хорнјак и Јевете Сепеси се ракометарките кои по истекот на ова сезона ќе го напуштат унгарскиот шампион.