Овче Поле, ФТЦ, Куманово: Вардарки ќе одиграат три меча за шест дена

Ракометарките на Вардар следната седмица ги почнуваат натпреварите од новата сезона во Лигата на шампионите, и го пречекуваат тимот н ФТЦ Будимпешта, на 6 октомври. Но, тоа нема да биде единствениот дуел за избраничките на Ирина Дибирова, бидејќи ќе одиграат уште два натпревари од домашниот шампионат, што значи вкупно три за шест дена.

Во вторник, на 3 октомври во согласност со двете екипи има промена на домаќинството на натпреварот со Овче Поле, и тој меч ќе се игра во Скопје. Дуелот е закажан за 19:45 часот во салата во СЦ „Јане Сандански”

Три дена подоцна е натпреварот со ФТЦ Будимпешта со почеток во 19 часот, што ќе биде реприза на ланскиот старт во Лигата на шампионите. Последниот меч од следната седмица е на 8 октомври, повторно во Скопје против екипата на Куманово. Тој меч е закажан за 14:30 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански”.