Овче Поле немоќно против расположените девојки од Металург

Женската екипа на Металург забележа победа на дуелот против Овче Поле, а ракометарките беа убедливи бидејќи завршија со резултат 39:21. Ова беше дуел на кој девојките од Металург беа расположени и беа во предност уште од стартот.

Домашните ракометарки единствното водство го имаа при 3:2. Потоа успеваа да се држат на нерешено или гол негатива до 4:5, по што следуваше серија на Металург која постојано растеше. На полувреме беше 12:17, а во вториот дел предноста беше далеку поголема за конечни 21:39.

Ангела Саздова и Драгана Стојанова кои постигнаа осум односно седум гола беа премалку за да може да се обезбеди позитивен резултат против Металург каде што имаше неколку девојки со поголем број на голови. Најефикасна беше Гајиќ со осум, а зад неа останаа: Калајџиева (7), Граматова (6), Стефановска (6), Глигоријадис (4), Тасевска (3), Ангеловска (2) и уште неколку ракометарки со по еден гол.