Овче Поле беше потежок тренинг за Куманово пред реваншот со Алкобендас

Ракометарките на Куманово славеа на гостувањето во Свети Николе, кај тимот на Овче Поле со 28:22, во првиот меч од вонредното 6 коло во женската Супер лига. Домашните ракометарки се држеа само до 1:1 и 2:2, а потоа се беше во знакот на Куманово. Гостинките направија убава предност и на пауза се замина со 17:13 за нив.

Во вториот дел предноста само беше одржувана, а во еден момент и зголемена на плус 7, а до крајот сепак остана позитивата од шест голови за Куманово, 28:22. Најдобра во составот на Овче Поле беше Стојанова со 6 голови, додека во составот на македонскиот претставник во Челинџ Купот се истакна Викторија Пеовска со 11 голови.