Ова го има само на Балканот: Напушти селекторско место поради закани од родител

Црногорскиот машки ракомет доживеа светли моменти, сениорите предводени од Вуко Борозан се пласираа на ЕП во Хрватска, но последниот случај фрла нова црна дамка на ракометот во оваа земја. Селекторот на кадетската машка репрезентација на Црна Гора, Зоран Абрамовиќ поднесе оставка на таа функција, соопштија од Црногорскиот Ракометен Сојуз. Слично, како и претходниот селектор на сениорите, Љубомир Обрадовиќ, кој поднесе оставка по напад на дел од ракометарите кои не биле на список, така и Абрамовиќ си заминува од селекторското место поради перманентен притисок и сериозни закани.

„Се работи за притисоци и закани од Дејан Станојевиќ, татко на играчот Радован Станојевиќ, за неговиот син да биде повикан на собирот на кадетската репрезентација. Го известив УО на РСЦГ претходно во пишана форма за овој проблем и за заканите. Разговорите по тоа прашање не допринесоа за решавање на проблемите. Ситуацијата ескалира по објавувањето на списокот на кадети за ракометниот камп Шампион 2017. Како селектор, сметам дека Радован Станојевиќ со своето однесување и залагање не е доволно добар за да биде дел од составот. Тоа беше доволно за неговиот татко да продолжи со заканите по живот кон мене и моето семејство. Сметам дека после такви експлицитни закани кои ми се упатувани подолг временски период и во интерес на мојата безбедност и на моето семејство, неопходно е да поднесам оставка и да се заблагодарм на РСЦГ за укажаната доверба.“ – напиша меѓудругото Абрамовиќ.